Панче Ангелов, лицето кое ја нападна Радмила Шекеринска во нередите во Собранието на 27. април, денеска излезе од затвор после две години и 9 месеци.
Ангелов беше осуден на четиригодишна казна, но доби амнестија на 30% од казната.
Според обвинението, Ангелов на 27 април влегол во Собранието, се упатил во прес салата каде најпрво му се заканувал на Зоран Зав, а потоа ја нападнал Шекеринска кубејќи ја за коса, а фрлал шишиња кон другите пратеници.
.
