Диана Мечај (30) која била извадена жива од урната на шесткатница во Драч, на крај сепак го загубила својот живот.
Таа починала во болница, и покрај интервенциите на лекарите, бидејќи раните со кои се здобила биле многу големи.
Како што пренесува Ora News, повикувајќи се на полициски извори, нешто порано од урнатините била извадена и нејзината 8-годишна ќерка.
Инаку, досега се идентификувани 14 од 22 жртви, додека лекарска помош била пружена на 650 лица.