Македонија

Измамен 18-годишник од Демир Капија, му ја сликале личната карта за наводно делење пакети од црква, а потоа добил писмо за отплата на кредит!

Измамен 18-годишник од Демир Капија, му ја сликале личната карта за наводно делење пакети од црква, а потоа добил писмо за отплата на кредит!

На 17.02.2026 во 09:45 часот во ОВР Неготино, 18-годишник од демиркаписко, пријави дека во октомври или ноември 2025, едно машко лице во Неготино му ја земало и фотографирало неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добил паричен надомест, но до пријавување на настанот не бил повикан да дели пакети ниту добил пари и се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување на кредит во финансиско друштво.

Имено, тој во меѓувреме добил писмо од финансиско друштво за отплата на кредит, подигнат на негово име во висина од 215.731 денари, за кој се сомнева дека истото лице го подигнало со злоупотреба на личната карта.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни