Македонија

Измамена битолчанка – лекар и јавил дека внука и е тешко повредена и потребни се пари за да и го спаси животот!

Измамена битолчанка – лекар и јавил дека внука и е тешко повредена и потребни се пари за да и го спаси животот!

На 06.02.2026  во 11:25 часот во СВР Битола, 76-годишна жена од  Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да и го спаси животот.

Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот,  ги чекало кај саатот во Битола.

Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни