Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против 44-годишниот С.С. од Скопје за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и 37-годишниот Ш.С. од Скопје за сторено кривично дело ,,прикривање“.
Во Скопје на улицата „18“, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на првопријавениот, второпријавениот Ш.С. од терасата фрлил пиштол ,,WALTHER PP Super“ калибар 9×18 мм и кутија со 49 куршуми калибар 9 мм, кои првопријавениот ги поседувал без соодветна дозвола.
