Свет

Изненадување: Ракун падна од таван за време на состанокот на градскиот совет во Мексико

Изненадување: Ракун падна од таван за време на состанокот на градскиот совет во Мексико

Два ракуни предизвикаа возбуда на состанокот на градскиот совет во Акапулко, Мексико. Едниот ракун падна од таванот, а другиот успева да се закачи и да остане на висечката структура.

Паднатото животно од страв почнува да трча низ собата, а некои од членовите на советот исплашени се качуваа на столовите.

На крајот тој наоѓа излез и се крие од луѓето.

Градското собрание на Акапулко се наоѓа во средината на Папагајо паркот од 52 хектари. Животните најверојатно оттаму влегле во зградата, пишува Дејли Мејл.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни