Свет

Израел нападна во Сирија, две лица загинаа

Израел нападна во Сирија, две лица загинаа

Сириското Министерство за одбрана вечерва соопшти дека две лица загинале, а тројца се ранети денеска во израелски напад, чија цел било возило во областа Мазе во Дамаск, каде што се наоѓа претставништвото на ОН и амбасадата.

„Околу 17:05 часот по локално време, израелскиот непријател изврши воздушен напад насочен кон цивилно возило во станбената област Мазе, при што загинаа двајца цивили, а тројца беа повредени“, соопшти Министерството, пренесе агенцијата Франс прес.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни