4NEWS.mk

Израел: Зголемувањето на нивото на збогатен ураниум е умерено, но Иран сака нуклеарно оружје

Израелскиот министер за енергетика Јувал Стајниц го нарече денеска  „умерено“ објавеното иранско збогатување ураниум, но исто така го обвини Иран за повлекување од меѓународно договорените ограничувања за нуклеарните проекти. Стајниц проценува дека со тој потег Техеран почнува марш за потенцијален развој на нуклеарна бомба. -Иран започна – иако сега е умерено зголемување – но почна да зголемува, со цел да излезе од ограничувањата наметнати врз него. Тоа значи бришење на црвените линии за кои се согласивме и дека започнаа марш, марш, што не е едноставен, кон нуклеарно оружје, изјави Стајниц. Тој е член на кабинетот за безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни