Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Свет

Израелците во Газа го убиja најбараниот лидер на Хамас?

Израелците во Газа го убиja најбараниот лидер на Хамас?

Израелската војска истражува дали лидерот на Хамас Јахја Синвар бил убиен во напад за време на операциите на ИД во Појасот Газа.

„За време на операциите на ИД во Појасот Газа беа елиминирани тројца терористи. ИД и ИСА ја истражуваат можноста еден од терористите да е Јахја Синвар, пишува Си-Ен-Ен.

Во оваа фаза, идентитетот на терористот не може да се потврди“, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили.

Синвар е најважната личност на Хамас што сè уште е на слобода, а Израел го смета за „мозок“ на нападите на 7 октомври што доведоа до копнена инвазија на Израел на Газа.

Тој не е виден во јавноста од нападот на Хамас и се верува дека се крие во огромна мрежа од тунели под Газа.

Повеќе детали наскоро.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни