Во Белград неодамна се појави билборд со интересна порака од мајка која одлучила јавно да му се извини на својот син што не верувала дека тој еден ден ќе заврши факултет. Во таа прилика одлучила да го закупи рекламниот простор и да му честита на синот за постигнатиот успех.
„Му се извинувам на синот Марко што не верував дека ќе заврши факултет. Честитам сине, небото е граница! Мама Дијана“, пишувало на билбордот кој се наоѓа на булеварот „Кнез Александар Караѓорѓевиќ“.
На билбордот таа го ставила својот потпис и фотографија од синот Марко кога бил дете. Нејзиното извинување и честитка набрзо станаа хит на социјалните мрежи.
Српскиот „Telegraf“ открива дека станува збор за мајка чиј син 12 години студирал на Економскиот факултет. Мајката Дијана навела дека тој немал проблеми со студирањето, туку во меѓувреме се вработил и тогаш мислела дека никогаш нема да го заврши факултетот. Поради тоа, му ветила дека јавно ќе му честита кога ќе се случи тоа.
