Извозниците при Стопанската комора ќе бараат од Владата да се промени системот за промоција, односно за учество на саеми.
Бараат државата да определи една институција која ќе им дава финансиска и логистичка поддршка, со цел да се намалат административните трошоци. Да се направи среднорочен план за 3 години средствата за оваа намена, бидејќи аплицирањето за најголените саеми во светот се одвива година и пол пред неговиот почеток.
При откуп на национален штанд, извозниците бараат да не се изнајмува најевтиниот штанд како досега, бидејќи сите држави гледаат да се претстават што е можно подобро. Саемите, според нив, се многу важни за наоѓање потенцијални партнери од странство.
Извозниците се жалат дека нема доволно квалификуван кадар во зрмјава. Голем проблем им е и тоа што цената на енергенсите постојано растат, па со тоа растат и нивните трошоци.
Даниел Василев
