Балкан

Ја отвораат скијачката сезона во Пампорово

Ја отвораат скијачката сезона во Пампорово

Денеска ја отвораат скијачката сезона во Пампорово. Прогнозите се за силна зима во одморалиштето, за време на која пополнетоста на хотелите се враќа на нивото пред пандемијата. Во Пампорово веќе пристигнаа првите чартери сезонава со ирски туристи.

Вештачките машини за правење снег во одморалиштето последните неколку дена работат деноноќно, а температурите се спуштиле под минус 3 степени.

Во деновите од 23 до 28 декември, дневната лифт картичка во Пампорово ќе чини 75 лева за возрасни и 59 лева за млади и лица над 65 години. Има и попусти за детски картички.

Од 29 декември целодневната картичка ќе биде 85 лева.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни