Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Ја полил собата со запалива течност и ѝ се заканил на ќерката дека ќе ја запали – кривична пријава за кумановец

Ја полил собата со запалива течност и ѝ се заканил на ќерката дека ќе ја запали – кривична пријава за кумановец
Фото: 4news.mk

Закани за палење на семејната куќа и физичко загрозување упатил маж од Куманово кон сопствената ќерка, по што против него е поднесена кривична пријава. Случајот го документирале полициските службеници од СВР Куманово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кривична пријава е поднесена против Б.С. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Инцидентот се случил на 19 ноември 2026 година во семејната куќа, кога пријавениот ја навредувал својата ќерка и ѝ упатувал закани. Потоа, според пријавата, со запалива течност ја полил собата и се заканил дека ќе ја запали неа и куќата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни