Јахта се укотвила кај Лондон и станала удобен дом

Една луксузна јахта која била претворена во удобен дом, кој сега бара нов сопственик.

Цената на јахтата е 100.000 фунти, а е стационирана во Ротерхајт, во југоисточен Лондон.

Направена е во 1990 година, а сегашниот сопственик живее во неа веќе три години.

Тој вложил напори ова да го претвори во убаво место за живеење, а внатрешноста има се што ќе ви треба. На горната палуба има дневна соба за дружење со гости и за кафе, а во долната палуба има кујна и голема спална соба, која за жал нема бања поради тоа што сопственикот го искористил просторот за гардебор.

На задната страна на јахтата има тросед, како и маса со стол за работа од дома, а има и брз интернет. Во близина на јахтата има тушеви и тоалети, само неколку метри подалеку.

Јахтата не пловела три години и годишното приземјување чини 5.995 фунти.