Македонија

Јакиќ: Вратите се сега отворени и процесот на преговори треба да почне

Јакиќ: Вратите се сега отворени и процесот на преговори треба да почне

Македонија беше подготвена и во 2004 година кога ние станавме полноправна членка на ЕУ, но, за жал, се случи тоа што се случи. Вратите се сега отворени и процесот на преговори треба да почне и да продолжи, рече денеска претседателот на Либералната мрежа на Југоисточна Европа и поранешен министер за одбрана на Словенија Роман Јакиќ кој беше еден од панелистите на конференцијата „QVO VADIS EVROPA 2022? Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ“.

Како што оцени Јакиќ, војната во Украина го врати проширувањето на ЕУ во фокусот, а оние што до пред неколку години беа скептици околу овој процес, како Франција, денес се неговата движечка сила.

-Се враќаме на траката. Нема да биде лесно, но многу е важно да им се каже на луѓето дека тоа не го правите за Брисел или за ЕУ, туку за вас, за вашите граѓани, за луѓето кои живеат тука и сакаат општество во кое владее правото, во кое има слобода на медиумите,…, истакна Јакиќ.

Според него, ЕУ е свесна дека не смее да дозволи вакуум кога е во прашање Западен балкан, зашто тој простор може да го искористат трети „играчи“, како Русија и Кина.

-Мислам дека ЕУ сфаќа дека ако овие активности не продолжат, се создава вакуум. Ако ЕУ не учествува во Западен Балкан и го подржува вакуумот тој ќе се наполни со трети играчи како Русија, Кина, а во некои случаи и Турција, но, главно со Русија и Кина. Можеби Црна Гора може да каже колку е важно ЕУ да исчекори и да не дозволи тоа да се случи, посочи Роман Јакиќ во дискусијата на панелот „Одржување на новиот импулс во проширувањето на ЕУ“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни