Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески од саботата започнал штрајк со глад, за што е известен и Кривичниот суд во Скопје. Испратена е и претставка до канцеларијата на Народниот правобранител.
Иако веќе беше во домашен притвор, Јанакиески минатата недела повторно беше приведен и се најде зад решетки во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.
