Македонија

Јанева го напушти Обвинителството, нејзината одбрана ќе бара укинување на притворот (ВИДЕО)

Катица Јанева го напушти обвинителството за организиран криминал и висока корупција, каде што беше повикана на давање исказ за случајот „Рекет“. Од денеска Јанева има и втор адвокат, и после Ирена Фрчкоска, таа го ангажирача и Дељо Кадиев кој што по распитот даде изјава во која кажа дека сега ќе има можност за биде поднесено барање за укинување на притворот, и на Јанева да и биде овозможено да се брани од слобода.

„Денеска не известија дека утре ќе ни биде врачено известување за завршување на истражната постапка. Сметаме дека тоа е повреда на правото, бидејќи обвинителството е должно да ја сослуша осомничената пред да ја заврши истражната постапка“, рече Ирена Фрчкоска.

„Со завршување на истрагата, отпаѓа точката 2,  така да ќе се створи можност притворот да остане под точка 1, а тоа е бегство. Со тоа се отвора можност да биде пуштена да се брани од слобода. Ние уште утре кога ќе го добиеме тоа известување, ќе поднесеме веднаш укинување на притворот со нудење на гаранција“, изјави вториот адвокат Дељо Кадиев.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни