Јапонија и САД „ќе ги следат активностите на кинеската морнарица, како и напредокот на заедничките кинеско-руски вежби“. Ова денеска го изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида по средбата со американскиот претседател Џо Бајден, пренесува АФП.
„Силно се спротивставуваме на обидите за насилно менување на статус кво во Источнокинеското и Јужното Кинеско Море“, рече Кишида на прес-конференција.
Се вчитува...
„Покрај тоа, се договоривме да работиме заедно на различни прашања поврзани со Кина, вклучително и човековите права“, рече јапонскиот лидер.
