Не само Бугарија, сега и Европската унија и сите земји членки го следат исполнувањето на договорот за добрососедство со Македонија, тој веќе не е договор само меѓу две држави, рече вечерва потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова која е во дводневна посета на Бугарија.
„Јас од овој момент не сакам веќе да поминуваме преку провокации, ние имаме заеднички интерес и заеднички цели“, додаде Јотова.
Таа вечерва е во Ресен каде ќе присуствува во т.н ловечка куќа, а ќе биде пречекана со диво месо. Утре пак ќе ги посети гробиштата во Цапари.
„Утре е задушница, се сеќаваме на мртвите, на сите војници. Во Цапари ќе ги посетам гробиштата кои се признаени од двете држави“, додаде Јотова.
Во Грција каде исто така има гробишта од првата светска војна, Јотова додаде дека и таму ќе има бугарска делегација.