Во последниот натпревар од првото коло од новата сезона во Англија, Манчестер јунајтед ја наполни мрежата на Челси. Френк Лампард имаше неславно деби како тренер во Премиерлигата и со тежок пораз ќе си замине од Олд Трафорд.
„Сините“ не беа толку лоши во првиот дел, два пати ја погодија рамката од голот, а и примија гол по еден наивен пенал кој го направи Зума, Рашфорд беше сигурен од белата точка.
Сепак, Челси потфрли во продолжението од мечот, и во период од 90 секунди прими два гола. Најпрво Марсијал реализираше за 2-0 а потоа Рашфрд со својот втор гол најави убедлива победа.
Конечните 4-0 беа дело на дебитантот Даниел Џејмс, кој со својот прв удар во дресот на „ѓаволите“ се запиша во листата на стрелците.
Претходно денеска, Арсенал со голот на Обамејанг триумфираше со 1-0 на гостувањето кај Њукасл, додека Лестер и Вулверхемптон одиграа натпревар без погодоци.