Свет

Јужна Осетија одржува референдум за приклучување кон Русија

Јужна Осетија одржува референдум за приклучување кон Русија
Flag of the Unrecognized Republic of South Ossetia

Јужна Осетија сака да се приклучи на Русија. Сепаратистичката област најави дека ќе одржи референдум за ова прашање на 17 јули. Грузиските власти ја нарекоа оваа можност „неприфатлива“.

Земјите од Г-7, пак, предупредија дека никогаш нема да признаат евентуална промена на границата по руската инвазија на Украина.

Претседателот на Финска телефонски го предупреди рускиот колега дека Хелсинки ќе поднесе барање за членство во НАТО во наредните денови. Путин тоа го нарече „грешка“.

Претходно Русија соопшти дека ќе возврати. И оваа сабота го исклучи струјата во Хелсинки поради „проблеми со плаќањето“.

Украина објави дека ја добила битката за вториот по големина град во земјата, Харков.

Според градоначалникот на градот, руските сили се повлекле до границата, а мештаните можат да се вратат во своите домови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни