Македонската ракомента репрезентација вечерва славеше победа против Бахреин со резултат 27:25 во третото коло од Мундијалот во Скопје.
Кадетите во првото полувреме одиграа подобро и водеа со три-четири гола за на пауза да заминат со предност од 12:9.
Второто полувреме не донесе големи резултатски промени. Македонските ракометари го бранеа водството до конечна победа со 27:25.
Македонија со вечерашната победи има две победи против Нигерија и Бахреин, како и еден пораз од Аргентина.
За да продолжи во осминафиналето, нашата репрезентација треба да се пласира меѓу првите четири во групата, а моментално е на второто место.
Во Групата Ц, освен Северна Македонија и Бахреин, се и репрезентациите на Данска, Аргентина, Јапонија и Нигерија.