Многумина денот го започнуваат со кафе, но многумина прават грешка со тоа што го конзумираат на празен стомак.
Истражувачи на еден Универзитет во Австралија, откриваат дека пиењето кафе пред доручекот, може да ја наруши вашата контрола на нивото на шеќер во крвта. Професорот Џејмс Бетс, вели дека голем број на лица се будат и прво пијат кафе.
Во студијата истражувачите вклучиле 29 мажи и жени да минат низ три различни експерименти. Во еден експеримент учесниците имале нормален сон и барано е да конзумираат благ пијалок кога ќе се разбудат. Во втората група биле учесници кои имале пореметен ноќен сон, и пиеле исто благ пијалок. Во третито учесници имале пореметен сон, но добиле кафе, 30 минути пред конзумирање на благиот пијалот.
Утврдено е дека конзумирањето на кафето пред доручек значајно ја зголемува глукозата во крвта и тоа за 50%.
