Тензично предупредување денеска во судницата. Судијката упати остра и последна опомена до обвинетиот Дејан Јованов, откако кај него бил пронајден мобилен телефон, што претставува сериозно прекршување на правилата за притвор.
Според она што беше кажано на рочиштето, телефонот најверојатно бил внесен преку посети од семејството или блиски лица. Судијката откри дека досега „прогледувала низ прсти“ за работите што му ги носат, но дека толерирањето завршува тука.
„Следниот пат ќе ги забранам посетите!“
Обраќајќи му се директно на Јованов, судијката беше децидна:
„Дејан Јованов, пронајден е мобилен телефон. Јас досега не правам проблем дали вашите ви носат (работи), но ова да не се повтори. Следниот пат ќе забранам посети!“
Оваа закана значи дека доколку повторно се најде недозволен предмет кај обвинетиот, тој ќе биде целосно изолиран од надворешниот свет и ќе го изгуби правото на контакт со семејството додека трае постапката.
Пронаоѓањето на мобилен телефон во притворските одделенија се смета за тежок дисциплински престап, бидејќи овозможува непречена комуникација со надворешниот свет, што може да влијае врз текот на истрагата или врз сведоците.
