Како ќе влијае влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната на туристите и патувањата?

Според проценките, околу 3,5 милиони патници дневно ги минуваат границите меѓу земјите членки на Шенген зоната, додека вкупниот број на патници се проценува на 1,25 милијарди влезови годишно.

Благодарение на пристапувањето во Шенген зоната, околу 400 милиони луѓе имаат поволности за патување.

Се вчитува...

Иако Бугарија и Романија се членки на Европската унија од 2007 година, тие не беа дел од Шенген зоната, што наскоро ќе се промени, бидејќи двете земји ќе влезат во Шенген зоната на 31 март .

Сето ова во голема мера треба да го олесни патувањето во двете земји.

При патување со авион, како и по морски пат кон Романија и Бугарија, од патниците нема да се бара да поминат низ пасошка контрола при пристигнувањето, но доколку во некоја од тие земји пристигнат по пат, правилата не се исти. Имено, поради ветото наведено од Австрија на таа одлука, регулативата за патување по копно се уште не е дефинирана, па патниците ќе имаат обврска на цариниците да им покажат лична карта, односно важечка патна исправа.

– Ќе треба да се донесе нова одлука, за да се одреди датум за укинување на контролите на копнените граници – се наведува на веб-страницата на Советот на Европа, пренесува „ Еуроњуз.ком “.

За потсетување, Република Хрватска се приклучи на Шенген во 2022 година.

Според проценките, околу 3,5 милиони патници дневно ги минуваат границите меѓу земјите членки на Шенген зоната, додека вкупниот број на патници се проценува на 1,25 милијарди влезови годишно.

Вкупно 27 земји се дел од Шенген зоната, плус Романија и Бугарија, кои наскоро ќе станат дел од неа. Покрај 23-те земји на Европската унија, тука се и Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд, кои се сметаат за придружни држави на Европската асоцијација за слободна трговија.

Десет години по потпишувањето на Шенгенскиот договор меѓу петте земји членки на Европската економска заедница, беше создадена Шенген зоната. Со исклучок на Германија и Франција, Шенгенскиот договор го потпишаа Холандија, Белгија и Луксембург. Подоцна се приклучија уште девет земји.

Важно е патниците кои немаат државјанство на една од земјите-членки на Европската унија да имаат предвид дека за нив има ограничувања, кога станува збор за должината на престојот во некои земји од Шенген зоната. Имено, времето кое овие туристи го поминуваат на територијата на земјата која е дел од Шенген зоната не смее да биде подолго од 90 дена во период од 180 дена, односно шест месеци.