4NEWS.mk

Какво време не очекува утре?

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност и потопло преку денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од минус шест до еден, а дневните од шест до 17 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со утринска температура од минус два и дневна до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и топло време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни