Маркети на КАМ и раководни лица се здобија со парични казни оти иако имале во магацините масло, сепак го тргнале од полиците и го давале само ако се направи сметка над 800 денари.
„Кај еден субјект имаме прекршочни платни налози за нечесно пазарно однесување – имаше масло во магацин, а не на рафт. Има и прекршочни платни налози каде по Закон за заштита на потрошувачи кој се однесува на условување на купување на едни производи или други производи, што е казниво. Казната е 4.000 евра за правното и 1.200 евра за одговорното лице. Станува збор за еден троговец кој има повеќе маркети, утврдено е во неколку градови“, кажа директорката Симеска-Димоска како резултат од инспекцискиот надзор.
„Маслото за кое зборувате по однос на евиденцијата со документација во приемниот лист каде сме надлежни е продажната цена е 90 денари. Нема да дозволиме да имаме манипулации од страна на трговците. Бараме да имате доверба и трпение и чувство дека навистина како роган се грижиме максимално да ги спроведеме нашите обврски“, додаде Симеска-Димовска.
Порталот А1он претходно објави видео на кое се гледа како во маркетите масло се дава само на сметка над 800 денари.