4NEWS.mk

Камингс: По изборите во Велика Британија можно е ниту една партија да нема мнозинство во парламентот

Изборите на 12 декември може да доведат до уште еден парламент каде ниту една партија нема да располага со мнозинство, тврди Доминик Камингс, главен советник на британскиот премиер Борис Џонсон, пренесоа британските медиуми.

Конзервативната партија на Џонсон има сериозна предност пред опозицијата предводна од  лабуристите на Џереми Корбин, иако таа во последните денови е намалена.

-Верувајте ми, како на некој кој работел многу предизборни кампањи, нештата се многу потензични отколку што изгледаат на прв поглед и има реална можност да добиеме „израмнет парламент“, рече тој, имајќи предвид нефункционален парламент во кој ниедна партија нема да располага со мнозинство.

 
 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни