Поврзи се

4NEWS.mk

Камионите дел од свадбите во Делчево, град со над 500 професионални возачи

Во Делчево во летниот период се почести се несекојдневните свадбени поворки, составени во најголем дел од возачи на камиони, кои како дел од обичаите за „одење по невестата“, ги користат своите возила со тоа што внесуваат допполнителна атракција меѓу граѓаните и случајните минувачи.

Ваквата состојба се подразбира, ако се знае дека во Делчево има над 500 професионални возачи на камиони, кои својот леб го вадат во западноевропските земји.

Како што велат дел од возачите, подобро да работат два месеца за 5000 евра, отколку за скромни примања во родниот град.

– Поради ниските примања, не само делчевци, туку и возачи од соседните градови ја преплавија Европа. Можноста да се заработи солидна плата е најчесто причината поради која голем број, особено млади во последен период се решаваат да полагаат за шофери, а потоа и да си ја средат документацијата за професионално да се занимаат со возење, велат возачи од Делчево.

– Татко ми возеше камион и како мал ми останала желбата еден ден и јас да возам товарно возило. Не велам дека е лесно, да си одделен од семејството  два месеца и секојдневно да се соочуваш со секакви предизвици, ни малку не е лесно, но борбата за подостоинствен живот е е пресудна, така што ќе продолжиме да го работиме она што најмногу го сакаме, додаваат популарните „шофери“.

Неретко возачите од делчевскиот регион, наоѓаат сигурна работа во странство, поради што со семејствата целосно емигрираат надвор од државата. Ако седнете на кафе муабет во Делчево, еден од најчестите муабети кој може да го слушнете е како професионално да се стане возач на камион. Возачите најчесто возат со бугарски пасоши што им гарантира и сигурна работа било каде во светот.

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com