4NEWS.mk

Канадската министерка за надворешни работи, Мелани Жоли во посета на Македонија

Канадската министерка за надворешни работи, Мелани Жоли во посета на Македонија

Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли утре ќе престојува на работна посета на Северна Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји, сојузништвото во рамки на НАТО, предизвиците на претседавање на земјава со ОБСЕ, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика.

За време престој во Скопје, министерката Жоли ќе оствари средби и со Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни