Кардиохируршките операции на бебиња ќе се прават во болницата „Жан Митрев“

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, денеска одржаа прес конференција на која беше презентиран нов начин на функционирање на детската кардиохирургија.

– Донесовме одлука договорот на болницата „Жан Митрев“, којшто со години е за извршување кардиохируршки интервенции на возрасни но и на деца, од следната година да се прошири и да ги додадеме и дечињата, коишто со најтешките срцеви болести, досега се лекуваа на Клиниката за детска хирургија – истакна министерот Филипче.

Целта е да се спојат експертизите во државното и приватното здравство, односно да се симне јасната бариера меѓу државните и приватните болници и да овозможиме нашите доктори да може да работат во приватните установи.

Досега овој проект се спроведуваше со странски едукатори, кои најпрво беа од САД, а потоа и од Србија, кои работеа со наши експерти од областа на детската хирургија и ги обучија да работат интервенции во областа на детската кардиохирургија. На тој начин, децата почнаа да остануваат во нашата земја, се надградуваше експертизата на нашите лекари, меѓутоа стануваа недоволни инфраструктурните можности за натамошен развој на оваа струка.

Минитестор посочи дека со новиот модел дополнително ќе бидат стимулирани и докторите, и медицинските сестри и дека ќе ги споиме експертизите од државното и од приватното здравство. Трошокот на Фондот ќе остане ист, а Министерството за здравство ќе заштеди огромна сума пари, која сега оди кај странските едукатори.

Извор: ТВ21