Катица Јанева да се разреши од должност шефица на СЈО. Зад затворени врати, едногласно, 13 члена на Собраниската комисија за избори и именувања го потврди извештајот на Советот на јавните обвинители за разрешување на Јанева.
Седницата на Комисијата за избори и именувања се одржа зад затворени врати бидејќи Советот на јавни обвинители не го одобри барањето на Собранието за декласификација на истото, бидејќи содржи материјали со детали околу скандалот Рекет. На неа учествуваа само пратениците кои имаат безбедносен сертификат што им дозволува пристап до класифицирани материјали како доверливи. Но пратеникот Мухамед Зекири тврди дека во извештајот нема ништо што не и е познато на јавноста.
Предлогот ќе биде доставен до собранискиот спикер Талат Џафери кој треба да свика пленарна седница на која што треба да гласаат 80 пратеници за разрешување на Јанева.
Согласност за разрешување, според законот, треба да има и меѓу 4 најголеми партии. Но четврта партија во моментов нема бидејќи има три партии кои се со ист број пратеници. За ова, во текот на денот, претседателот на Собранието Џафери ќе им испрати писмо на 3 партии за решавање на оваа дилема.
Вицепремиерот Бујар Османи јавно предложи решение.
Од 21 август Јанева е во притвор, на барање на обвинителството за следење организиран криминал и корупција, поради постоење цврста основа за нејзина вмешаност во скандалот Рекет. Јанева официјално треба да ја разреши Собранието , на предлог на Советот на Обвинители бидејќи така предвидува член 18 од законот за СЈО.