Поврзи се

4NEWS.mk

Катица Јанева си поднесе оставка

Published

on

„Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за Специјален Јавен Обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклутелно тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена. Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезревно и посветено ги извршуваат своите работни задачи. Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја. Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник. Дозволете, јавно да се заблагодарам на целиот тим на Специјалното јавно обвинителство со кој испишавме историја. Треба да бидеме горди затоа што претставуваме симбол за бескомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција. Ја користам приликата да се заблагодарам на сите граѓани и на медиумите кои со довербата во нас и поддршката која ја даваат се ветер во грб за одговорната работа која ја вршиме. Бев и ќе останам подготвена да се борам за подобро утре на сите граѓани на Република Северна Македонија.“ – стои на сајтот на СЈО.

-Текстот продолжува по рекламата-

Извор: Сител телевизија

Реклама
4NEWS.mk

Утре е неработен ден, a следен неработен ден е среда

4NEWS.mk

Вечерва внимавајте на овие патни правци: Снег паѓа без престан во овие градови низ земјава!

Македонија

Јовановски: Дали јас сум добивал подароци од Камчеви? Рускоска: Поголеми подароци од 1,5 милиони евра јас не знам

4NEWS.mk

Најдобар газда на светот: На своите работници им подели 10 милиони долари, најмалиот бонус е 50.000

4NEWS.mk

Дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта?

4NEWS.mk

Шверцери во документарецот го споменуваат и Саздо: „Нека знаат со кој си имаат работа“

4NEWS.mk

Пукање во Скопје попладнево – полицаец заврши во болница

4NEWS.mk

Овие четири хороскопски знаци важат за најдобри сопруги, а мажите кои се во брак со нив се вистински среќници

Македонија

Снегот пристигна и во Македонија – Зимска идила во Нижеполе (ФОТО)

Македонија

ТВ21 АНКЕТА: Еве од услугите на која банка најмногу се задоволни корисниците

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com