Поврзи се

Македонија

Катица Јанева во судница – но овој пат, без тога и на обвинителна клупа

Published

on

Екс шефицијата на СЈО повторно се врати таму каде изминатите години речиси секојдневно гонеше и бараше правда. Денеска се појави во судницата, но наместо да облече тога, таа седна на обвинителната клупа.

Обвинета е во случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, кој пак во судница призна дека е виновен по што во текот на утрешниот ден ќе му биде изречена и пресуда.

-Текстот продолжува по рекламата-

„Виновен сум. Доброволно го давам ова признание“, истакна Зоран Милевски, обвинет.

„Горда сум на тоа што го направив во СЈО и ќе го изучуват идните генерации. Горда сум што ја извршував таа функција, и натаму одам со крената глава“, изјави Катица Јанева, обвинета.

„Јас живеев за овој ден. Не чувствувам вина ниту за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, ниту за перење пари. Ќе стојам и зборувам до последната капка крв“, посочи Бојан Јовановски, обвинет.

Одбраната на Јанева побара да не се користат нелегално прибавените снимки како докази, но судот го одби барањето повикувајќи се на праксата на повисоките судски истанци како и јавниот интерес. Рускоска во воведните зборови ја опиша Јанева.

„Имаше еден филм „Чарлиевите ангели“, имаше една госпоѓа Катица Јанева кој влезе во тој филм мислејќи дека никој ништо не и може. Но, влезе во мрежата на самонаречената естрадна ѕвезда Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Обвинителството ќе докаже, дека тоа го сторила од алчност“, порача Вилма Рускоска, обвинител во „Рекет“.

Одбраната на Јанева вели дека тоа што и се става на товар и биле работни задачи во СЈО.

„Се она што и се става на товар, во обвинителниот акт претставува дел од нејзините службени овластувања кои што таа имала право да ги презема како шеф на СЈО“, истакна Ирена Фрчкоска, адвокат на Катица Јанева.

Јанева во судницата рече дека се надева дека судскиот совет не се плаши за тресењето од гаѓи од страна на Рускоска и дека неа ќе ја ослободат од обвинение.

Адвокатот на Бојан и самиот тој дадоа две различни изјави. Јовановски во судница рече дека ќе зборува за сите нарачатели, инволвирани и ќе открие со помош на неговата камера од неговиот дом каде завршила ташната со пари. Но, адвокатот вели дека тие не споменале дека Бојан земал пари.

„Каде завршиле парите ние не тврдиме дека сме земале пари, односно Бојан Јованоски. Ако тој нешто знае повеќе од мене веројатно ќе го каже тоа во судница. Јас прво и во приговорот и во мојот воведен говор не велам дека постојат пари“, посочи Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски.

Дуковски додава дека имаат доказ дека Јовановски бил во болница на операција во тој период, а не дека бил во домот на Орце Камчев и земал пари.

Утрово пак Камчев до Кривичен поднел барање за отштета од Катица и Бојан во висина од 1,5 милиони евра.

„Имотно право побарување во износ од 1,5 милиони евра против обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева“, вели Александар Михајловски, адвокат на Орце Камчев.

Кичеец утре на одвоедната постапка ќе ја слушне пресудата која според експертите ќе биде условна казна, а следното рочиште за „Рекет“ е закажано за в петок. Потоа тој останува како сведок заедно со Камчев во овој случај.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com