4NEWS.mk
Кавадарци ја доби првата паметна клупа во градот

Кавадарци ја доби првата паметна клупа во градот, за комерцијална употреба. Ја донираа компаниите Инел Солар и Метал Апостолов.
-Клупата е поставена на градскиот плоштад и е опремена со соларни панели за производство на струја, полначи за сите типови на мобилни телефони, безжичен бесплатен интернет, држачи за велосипед како и компресор за воздух за велосипедите, велат донаторите.
Тие нагласуваат дека Кавадарци полека станува урбано место за живеење.
