Ќерими: Во ниеден случај не го оправдуваме, но и во иднина нема да застанеме позади “бруталните однесувања” на полицајците

Бењамин Ќерими посочи дека следејќи ги последните случувања на настаните поврзани со колегите полициски службеници, како Претседател на Секцијата на Млади при Македонскиот Полициски Синдикат чувствува потреба да се изјасни во името на помладите колеги.

Се вчитува...

Тој вели дека во ниеден случај не го оправдуваат, но и во иднина нема да застанат позади бруталните однесувања на полицајците.

„Секако вие, а и ние полициските службеници имаме семесјтва, пријатели и сакани луѓе и нас не боли кога над некој од нас блиските е нанесена неправда или употребена прекумерна физичка сила. Но, секоја “приказна-настан” има две страни. Ве замолувам, особено медиумите да не објавувате “бомбастични” наслови за “бруталноста” на полицајците. Да не заборавиме дека и ние – чуварите на редот и безбедноста во нашата сакана татковина, имаме татко, мајка, брат, сестра, син, ќерка, маж, жена итн… Би сакал да бидете во можност една смена да ја облечете нашата униформа и да бидете сведоци на предизвиците кои ги носи истата. Доволно е само НЕДАЈ БОЖЕ да слушнете како колегата по радио врска со вознемирен глас известува дека од страна на еден, сепак ќе кажам граѓанин ( да не користам навредливи зборови како што некои знаат да не нарекуваат, туку како и секогаш да останеме професионални) измерен со радар не застанува на даден знак и удира во колегата и го фрла неколку метри, да не зборам за сликата која ја видоа колегите присутни на лице место и сирените од амбулантното возило. Можете да ја замислите реакцијата на родителите кои со благослов не испраќаат на работа а не се ни самите сигурни дали ќе се вратиме дома живи и здрави или ќе доживеаат ШОК кога ќе бидат известени дека нивниот син или ќерка се повредени, ранети, нападнати, удрени или недај боже најлошото“, посочува Ќемири.

Тој упатува почит кон сите граѓани во нашата држава, но и морална, правна и финансиска поддршка кон полициските службеници од страна на единствениот репрезентативен синдикат во МВР, Македонскиот Полициски Синдикат.

.

Извор: ТВ21