Ќерката на Мадона стана заштитно лице на „Сваровски“

Една од светски познатите компании во светот има кампања „Сваровски колекција 2“, која се сосредоточува на разновидноста и вклучувањето на „различното“.

Па така, ќерката на Мадона, Лурдес Леон се врати на модната писта, и се појави меѓу другите како заштитно лице на компанијата и тоа на насловната страница на списанието „Вог“.

Од компанијата велат дека ќерката на Мадона е совршено лице за нивната кампања, заснована на платформа за „претставување луѓе од сите култури и со различна ориентација“.

„Модел, глумица, лингвист, граѓански активист – Лурдес го отелотворува духот на ’Сваровски‘,“ се вели во соопштението.

Манекенката е ќерка на Мадона и Карлос Леон. Таа неодамна во Италија го прослави роденденот на својата позната мајка и со своите браќа и сестри.