Поврзи се

4NEWS.mk

Кичеец призна вина за „Рекет“, пресудата утре напладне

Published

on

Во издвоената постапка за предметот „Рекет“ која се води против Зоран Милевски – Кичеец, кој денеска призна вина пред Судот, во продолжение на рочиштето адвокатот на обвинетиот Александар Новаковски достави дополнителни докази што Судечкиот совет ги прифати и предложи двете страни да ги изнесат завршните зборови.

-Текстот продолжува по рекламата-

Обвинителката Вилма Рускоска наведе дека очекува Судот да му изрече казна на обвинетиот поради неговото признание.

-Со оглед дека обвинетиот ја призна вината, предлагам Судот да му изрече казна, рече Рускоска.

Бранителот на Зоран Милевски Кичеец, адвокат Александар Новаковски, рече дека обвинетиот од самиот почеток на процесот, имал шанса како сведок да го избегне обвинението, но тој од незнаење се довел во ситуација да биде обвинет.

– Од тој момент, тој се соочува со јавен линч. Тој е вработен во фирма на тој што го пријавил ова дело. Откако се донесе одлуката од Обвинителството тој одлучи да учествува и да го кажа сето тоа што го знае, изјави Новаковски.
 
Побара Судот да има предвид дека случајот е медиумски покриен до тој степен што човек како Зоран Милевски не може да издржи. Новаковски кажа дека Кичеец никогаш не бил експонирана јавна личност и не бил во состојба да се справи со притисокот.

– Судот да има предвид дека е татко на пет малолетни деца и досега е неосудуван. Тој од самиот почеток, иако не призна вина, ја зборуваше вистината пред Јавното обвинителство. Верувам дека Судот ќе го цени и признанието на вина, изјави адвокатот Александар Новаковски.

Пресудата за Зоран Милевски – Кичеец Судот ќе ја изрече утре напладне.

На денешното прво судско рочиште за „Рекет“ првообвинетиот Бојан Јовановски се изјасни дека не чувствува вина, како и второобвинетата поранешна јавна обвинителка Катица Јанева. Судењето за  Јовановски и Јанева продолжува на 6 декември, за кога се повикани исказ да дадат сведоците Јордан и Ана Камчеви.

Извор: Сител телевизија

Реклама
4NEWS.mk

Утре е неработен ден, a следен неработен ден е среда

4NEWS.mk

Вечерва внимавајте на овие патни правци: Снег паѓа без престан во овие градови низ земјава!

Македонија

Јовановски: Дали јас сум добивал подароци од Камчеви? Рускоска: Поголеми подароци од 1,5 милиони евра јас не знам

4NEWS.mk

Најдобар газда на светот: На своите работници им подели 10 милиони долари, најмалиот бонус е 50.000

4NEWS.mk

Дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта?

4NEWS.mk

Шверцери во документарецот го споменуваат и Саздо: „Нека знаат со кој си имаат работа“

4NEWS.mk

Пукање во Скопје попладнево – полицаец заврши во болница

4NEWS.mk

Овие четири хороскопски знаци важат за најдобри сопруги, а мажите кои се во брак со нив се вистински среќници

Македонија

Снегот пристигна и во Македонија – Зимска идила во Нижеполе (ФОТО)

Македонија

ТВ21 АНКЕТА: Еве од услугите на која банка најмногу се задоволни корисниците

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com