Кичевчанец заболен со коронавирус се обидел да се качи во авион на аеродромот во Скопје

Според видеото кое стигна до редакцијата на ТВ21, на меѓународниот аеродром во Скопје бил приведен патник откако, иако тестиран позитивно на коронавирус, се обидел да се качи во авион и да замине од државава.

Според информациите, се работи за лице од кичевското место Зајас, кое е испратено во карантин од страна на полицијата и лекарски тим.

Случајот за ТВ21 го потврди и полицијата на скопскиот аеродром.

.

Извор: ТВ21