Свет

Киев се закани: Ќе се одмаздиме за руските ракетни напади

Киев се закани: Ќе се одмаздиме за руските ракетни напади

Украинското Министерство за одбрана се закани дека ќе се одмазди за руските ракетни напади кои утринава ги погодија украинските градови.

„Има жртви меѓу луѓето и разурнувања“, напиша одделот на својот Фејсбук профил и додаде: „Непријателот ќе биде казнет за болката и смртта нанесена на нашата земја! Ќе се одмаздиме!“.

Украинската армија извести дека утринава Русија истрелала 75 проектили на територијата на Украина. Системите за противвоздушна одбрана соборија 41 од нив, објави Укринформ.

Висок близок соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските ракетни напади денеска врз градовите во Украина значат дека „руското прашање“ мора да се реши со сила, пренесе Ројтерс, цитиран од БТА.

Кукавиците се борат со игралишта, деца и луѓе“, напиша на социјалната мрежа Андриј Јермак, шеф на претседателскиот кабинет.

„Ова е уште еден сигнал до цивилизираниот свет дека руското прашање мора да се реши со сила“, додаде Ермак.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека денешните руски ракетни напади во Украина покажале дека претседателот Владимир Путин „е терорист кој разговара со проектили“.

„Повеќе руски ракетни напади низ цела Украина. Единствената тактика на Путин е теророт против мирните украински градови, но тој нема да ја скрши Украина. Ова е и неговиот одговор на сите миротворци кои сакаат да разговараат со него за мир: Путин е терорист кој води разговорот со ракети“, напиша Кулеба на Твитер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни