Свет

Киев тврди дека Русите поставиле ракетни фрлачи во нуклеарната централа Запорожје

Руската војска распореди повеќе ракетни фрлачи во близина на нуклеарната централа Запорожје во Украина, соопштија украинските власти.

Украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом изрази загриженост дека најголемата нуклеарна централа во Европа може да се користи како база за напад на украинска територија и да го зголеми ризикот од радијација. Во соопштението се наведува дека руските сили кои ја окупирале централата поставиле неколку повеќецевни ракетни фрлачи „Град“ во близина на еден од шесте нуклеарни реактори.

Се вели дека офанзивните системи се наоѓаат на нови „заштитни структури“ тајно изградени од Русите, „нарушувајќи ги сите барања за нуклеарна и радијациона безбедност“.

Агенцијата АП не можеше независно да ги потврди овие наводи.

Повеќекратните ракетни фрлачи од советско производство можат да истрелаат проектили до 40 километри, а Енергоатом вели дека тие би можеле да им овозможат на руските сили да го погодат спротивниот брег на реката Днепар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни