4NEWS.mk

Кина го поздрави прелиминарниот трговски договор со САД

Кина денеска позитивно го оцени првиот чекор во склучувањето трговски договор, со кој се намали интензитетот на трговската војна со САД.

Кинески експерти и медиуми, како и владини претставници, рекоа дека договорот ќе ја намали неизвесноста за компаниите, барем краткорочно. Сепак, тие задржаа одредена резерва, велејќи дека двете страни ќе треба да покажат подготвеност за компромис за да ги надминат подлабоките разлики меѓу нив.

– Во најмала рака, ситуацијата ќе се стабилизира и ќе ги постави темелите за следната рунда трговски преговори за идното укинување на дополнителните тарифи. Не можам да предвидам што може да се постигне во идните разговори, рече професорот по економија на Пекиншкиот универзитет Ту Синкуан.

Двете земји вчера објавија дека е постигната „прва фаза“ од договорот, според кој САД ќе ги намалат тарифите, а Кина ќе купува повеќе американски земјоделски производи. Договорот опфаќа и интелектуална сопственост, трансфер на технологија, финансиски услуги и решавање спорови.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни