Најмалку 13 луѓе настрадаа, а 16 исчезнаа во свлечиште по налетот на тајфунот „Лекима“ на истокот од Кина. Поради силниот тајфун се евакуирани милион луѓе и откажани се повеќе стотици летови.
Тајфунот Лекима рано утрово ја зафати источната провинција Џејијанг со удари на ветрот и до 187 километри на час, иако ослабе зошто првобитно беше означен како „супертајфун“.
Бурата се движи кон северозапад и постепено слабее.

Поради бурата се откажани 625 летови во Пекинг, шангај, Гуангфу и Ченгду. Во прекин делумно е и железничкиот сообраќај.
Од Шангај се евакуирани повеќе од 250.000 луѓе, а од провинцијата Џејијанг 800.000. Околу 2,72 милиони домаќинства во таа провинција останаа без струја бидејќи ветрот ги урна далекуводите.
Kurir.rs/Tanjug