Свет

Кина се заканува со смртна казна за најекстремните поддржувачи на независноста на Тајван

Кина се заканува со смртна казна за најекстремните поддржувачи на независноста на Тајван

Кина денеска се закани дека ќе воведе смртна казна за најекстремните сепаратисти кои се залагаат за независност на кинескиот регион Тајван.

Според Ројтерс, оваа закана е објавена иако кинеските судови немаат јурисдикција над тој остров, пренесува Танјуг.

Пекинг изјави дека претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, кој ја презеде функцијата минатиот месец, е „сепаратист“, а веднаш по неговата инаугурација, кинеските власти спроведоа воени вежби.

Според новите упатства, кинеските судови, обвинителства и безбедносните институции треба „жестоко да ги казнат тајванските сепаратисти за поттикнување отцепување, како и одлучно да го бранат националниот суверенитет, единство и територијален интегритет“, објави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.

Советот за национални прашања на Тајван денеска го осуди потегот на Пекинг и го повика населението да не се плаши од заканите на Кина.

„Кинеските власти немаат апсолутно никаква јурисдикција над Тајван, а таканаречените закони и норми на кинеските комунисти немаат обврзувачка сила за нашите граѓани“, се вели во соопштението на Советот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни