4NEWS.mk

Кинески дипломат во посета на Пјонгјанг следната недела

Кинескиот државен секретар во Министерството за надворешни работи Ванг Ји ќе ја посети Северна Кореја следната недела, изјави портпаролот на МНР, Генг Шуанг.

Тој истакна дека посетата ќе биде важен чекор кон подобрување на билатералните односи.

– Ванг ќе разговара со севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг Хо во Пјонгјанг, рече портпаролот, без да даде дополнителни детали.

Тој оцени дека ситуацијата во Корејскиот Полуостров генерално се смирува, додавајќи дека Кина ќе продолжи да ја игра својата улога во денуклеаризација на полуостровот и да постигне траен мир и стабилност во Северо-источна Азија.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни