Балкан

Кипар оди во вториот круг од претседателските избори

Кипар оди во вториот круг од претседателските избори

Поранешниот кипарски министер за надворешни работи Никос Христодулидес денеска води на претседателските избори во Кипар, според излезните анкети, но најверојатно нема да добие апсолутно мнозинство гласови, па на 12 февруари ќе има втор круг од изборите.

Христодулидес, кој се кандидира како независен кандидат, добива меѓу 30,5 и 33,5 отсто од гласовите, според излезната анкета на државната телевизија, по пребројани 76 отсто од гласовите. Авероф Неофиту, лидерот на владејачката конзервативна партија ДИСИ, и независниот кандидат Андреас Мавројанис, поддржан од левицата, добиваат меѓу 26,5 и 29,5 отсто од гласовите.

Приватните радиодифузери добија слични резултати од излезните анкети. Сите водечки кандидати се блиски соработници на десничарскиот претседател Никос Анастасијадес, кој ја напушта функцијата. Христодулидес се раздели со неговата партија ДИСИ и нејзиниот лидер Неофиту за да се кандидира за претседател, со што се подели политичката десница.

Поддржан е и од политичките партии кои традиционално ја претставуваат тврдата линија во преговорите за обединување на Кипар. Кипар беше поделен со турска инвазија во 1974 година по краткиот државен удар поддржан од Грција. Последната рунда мировни преговори пропадна во 2017 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни