По два часа распит кај обвинителката Вилма Рускоска во врска со случајот „Рекет“, Александар Кирацовски рече дека лажните вести изминатиот период направиле штета врз недолжни луѓе.
Кирацовски додаде дека тие се чисти и луѓе со интегритет.
„Апсолутно да, мислам дека помогнав на некој начин да заземе правилен тек, јас морам да признаам иако сега не знам дали смеам сите тие детали да ги кажам, бев повикан само за еден мал сегмент. Ова со Катица, Камчев, Кичеец нема никаква врска со мене. Тоа не се дискутираше денеска, ниту ги знам ниту ги познавам, ниту сакам да ги запознаам“.
Тој рече дека не присуствувал на средби каде наводно Јовановски рекетирал, ниту пак посредувал кај одредени градоначалници.