„Мораме да разбереме дека проблематиката е динамична зависно од некој актуелности, контексти. Јас не очекувам таа иницијатива да помине во Бугарскиот парламент, тоа е иницијатива на една политичка парија и доколку ние не сме сензитивни на сензитивноста на едната и другата страна кон овие прашања, ние само ќе ги рушиме односите“, посочи министерот за надворешни работи Бујар Османи во „Клик Плус“ на ТВ21.
Тој додава дека веднаш го анализирал сериозно прашањето за оваа иницијатива.
„Дали ни праќаат порака дека одиме против договорот или ова е некој колатерален ефект на некоја внатрешна динамика, сега ми е јасно дека е ова второто“, вели Османи.
.
