4NEWS.mk

Клиниката за Детски болести доби нов директор

Наташа Алуловска е нов директор на Клиниката за детски болести. Според информации на Сител, Алуловска денеска била назначена на оваа позиција од страна на министерот Филипче.

Алуловска работи на одделот за неонатологија и доаѓа на местото на Катерина Ставриќ која уште пред 7 месеци поднесе оставка на функцијата, но чекаше да добие наследник.

Како економски директор на Детска и понатаму останува Ридван Ибраими кој во директорската фотелја е со години.

Сања Димитровска

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни