Свет

Клучен состанок на лидерите на ЕУ за проширување на ЕУ

Клучен состанок на лидерите на ЕУ за проширување на ЕУ

Средба на лидерите на земјите членки на ЕУ со лидерите на Западен Балкан денеска во Брисел. Советот на Европската унија вчера до последен момент изразуваше надеж дека бугарското вето за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија ќе падне и дека средбата ќе заврши со јасен сигнал за придвижување кон Заедницата.

Бугарија нема да искаже став пред да одлучи бугарскиот парламент за тоа прашање, потврди синоќа премиерот во оставка Кирил Петков.

Неколку часа пред средбата стана јасно и дека лидерите на Северна Македонија, Албанија и Србија нема да ја бојкотираат средбата во знак на протест поради бугарското вето, како што предупредија.

Тие во специјалното соопштение велат дека и покрај пречките „конструктивната работа“ ќе продолжи.

Попладнево започнува и дводневниот Европски совет.

Фокусот ќе биде ставен на препораката на Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус за Европската унија.

Бугарија ќе ја претставува премиерот во оставка Кирил Петков.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни